Судбина-Алфа тв

Подреди

Асија е млада девојка, која никогаш не ги запознала своите родители. На породувањето, умира нејзината мајка, а два дена подоцна и нејзиниот татко, господар на огромно богатство. Од тогаш започнува несреќниот живот за Асија. Грижата за малото сираче ја превземаат нејзиниот чичко Левент и злобната стрина Ајсел чија единствена цел е да го добие богатството на покојниот. Знаејќи дека сирачето е наследничка на големото богатство, Ајсел смислува злокобен и опасен план, заедно со нејзиниот љубовник Куршет. Таа му наредува на Куршет да се ослободи од девојчето и да ја убие, но планот не се одвива онака како што таа замислила. Таа мисли дека девојчето е мртво и на тој начин го добива наследството од покојниот, односно наследството на братот на нејзиниот маж. Но... всушност, Куршет ја оставил малечката во сиропиталиште, со цел секогаш да има нешто со што ќе ја уценува и ќе и се одмаздува на Ајсел. Годините поминуваат. Асија израснува во убава девојка која доаѓа во Истанбул каде тајната за нејзиното потекло почнува да се открива и на тој начин да ја менува нејзината судбина. Асија се запознава и се заљубува во Јигит, свршеникот на Селма, ќерката на Левент и Ајсел. Љубовта на Асија и Јигит почнува да им пречи на Селма и Ајсел, кои од тој момент почнуваат со сплетки и завери против Асија. Колку повеќе пати љубовта е ставена на тест, толку поголема станува поврзаноста меѓу Асија и Јигит. Злобните Ајсел и Селма ќе сторат се' за да ги разделат вљубените, но љубовта секогаш е посилна од љубомората, интригите и алчните амбиции.

Улоги : Duygu Keser, Ozan Dağgez, Yeşim Gül, Orhan Aydın, Deniz Özlem Durmaz, Aziz Sarvan, Pelin Orhuner

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk

RSS