Судбината на една Зерда

Подреди

Зерда и Шахин ага се двајца млади, вљубени еден во друг кои живеат во Газиантеп. Зерда е ќерка на учител и е растена со модерни сфаќања, а пак Шахин доаѓа од конзервативно семејство каде традицијата е пред секакви други животни вредности. И покрај разликите, Зерда и Шахин решаваат да се венчаат. Но тогаш се случува една голема трагедија која ќе ги смени нивните животи. Братот на Шахин умира во сообраќајна несреќа, па според традицијата, тој треба да се ожени со жената на неговиот брат, Хаџер. Иако не го сака тоа, Шахин ага ќе мора да се ожени со Хаџер, задоволувајќи ги барањата на неговата строга мајка и подлегнувајќи на суровите правила на традицијата. Тој ја убедува Зерда дека никогаш ја нема допрено Хаџер, но кога Зерда решава да му прости, тука е мајка Султан да му посочи на синот дека Зерда не е дел од нивниот начин на живот и од нивното племе, па како таква не може да дојде како судена невеста во тоа семејство. Заробена меѓу оковите на обичаите и модерното време, Зерда ќе се помири со својата несреќна судбина која ќе и подготви нови изненадувања, ќе и донесе нова љубов, но и нова борба.

Улоги: Yavuz Bingöl (Сахин), Ece Uslu (Зерда), Güven Hokna (мајка Султан), Halit Ergenç (Девран), Hulya Sen (Xaxer), Fusun Kostag (Агул)

 

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

 

RSS