Тешки времиња

Подреди

Приказната започнува во педесетите години од минатиот век и зборува за двајца пријатели од детството со различни политички погледи и за двајца млади, кои се вљубуваат еден во друг и покрај различните политички определби на нивните семејства. Шефкет и Риза биле многу блиски другари од мали, но со текот на годините Шефкет станува приврзаник на левичарската политичка сила, односно Републиканците, а пак Риза станува член на Демократската десничарска партија. И покрај тоа што биле пријатели а сега се соседи, нивната нетрпеливост и меѓусебен без растат постојано како резултат на политичките погледи кои ги раздвојуваат. По неколку години студии во странство, во Турција се враќа Ахмет, синот на господинот Шефкет. Тој е сега млад, згоден и амбициозен адвокат кој на прв поглед се вљубува во Јасмин, ќерката на господинот Риза, која долги години имала чувства за Ахмет. Но нивните семејства се против таа врска и на секој можен начин, се обидуваат да ги разделат вљубените. Љубовта за жал ќе мора да ја трпи жртвата на тешките времиња. По падот на Демократската партија од власт и и смртната казна за премиерот Мендерес, со обвинение се соочува и Риза. Риза е немилосрдно затворен зад решетки, а Јасмин сфаќа дека не може да се омажи со синот на човекот кој го испрати нејзиниот татко во затвор. Така Ахмет и Јасмин ја прекинуваат својата врска, и тогаш Јасмин дознава дека чека дете од Ахмет. Пекарот Неџдет кој со години бил вљубен во Јасмин, и нуди брак на тој начин што ќе кажат дека бебето е негово. Јасмин ја прифаќа понудата, а од друга страна и Ахмет го продолжува својот живот на друга страна и започнува врска со Ајла. По неколку години, Ахмет и Јасмин повторно се среќаваат. Она што сеуште може да ги спои е нивното дете за кое Ахмет не знае дека постои, како и страста која може повторно да ги разгори нивните срца.

 Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

 


RSS