Тоскана

Подреди

Дејството на оваа романтична приказна се одвива во богатото тосканско виноградско подрачје кое само наизглед се чини мирно и совршено. Но една трагедија го променила животот на сите во мирното место Виљалба. Убиен е угледниот дон Луче Монфорте, богат винар, а за неговата смрт е обвинета Аурора, девојката на неговиот син Александро. Алесандро е оној кој ја затекнал со крвави раце покрај телото на татко му и тоа е најголемиот доказ за нејзината вина. По осум години поминати во затвор за злосторство кое не го сторила, модерната девојка излегува на слобода и решава да се бори против сите оние кои ја ставија зад решетки. Таа се враќа во Тоскана, решена да се одмазди, да ја открие вистинста и да ја врати изгубената чест. По овие осум години, љубовта кон Александро од минатото се претворила во омраза и бес. На имотот на нејзиното семејство, желно ја очекува нејзината баба Отавија, а тука се и нејзините сестри Теса и Марција. Аурора воедно е единствената која верува дека нејзината мајка Ева е жива и дека не ги напуштила по своја волја, туку дека се случило нешто чудно и таинствено. За разлика од неа, сестрите и бабата, како и сите во селото сметаат дека Ева Тавијани била неодговорна и проблематична личност, која имала афера со дон Луче Монфорте. Токму и поради таа афера, семејството Тавијани го бие лош глас. Од друга страна, го запознаваме семејството Монфорте - убавиот Алесандро и неговите браќа Матео и Едоардо. По смртта на татка си, Алесандро го превзел неговиот бизнис, а неговото срце се уште бие за првата и голема љубов Аурора чие враќање ќе ги разбуди старите чувства. Тој е оженет со Виола, ќерка на најбогатиот земјопоседник во Тоскана. Едоардо е оној кој е љубоморен на Алесандро поради неговата доминантна личност и постојано се натпреварува со него и внесува напнатост во семејството, а пак Матео е воен пилот кој се враќа во местото и започнува врска со Марција, сестрата на Аурора. Тука се и сестрата на Алесандро, Елена и госпоѓата Ливија, нивната мајка. Во позадината на овие семејства се крие една немилосрдна борба за моќ, стари љубовни рани и непријателство на спротиставени страни, големи тајни и гревови од минатото. Целата мистерија и целата приказна се крие зад името на Ева, мајката на Аурора, чие исчезнување ја закопало вистината која може да објасни се' што се случило. Но вистината по враќањето на Аурора, почнува да излегува на виделина...

 

Улогите ги толкуваат познатите италијански актери Anna Safroncik, Roberto Farnesi, Viktorija Larčenko, Luca Capuano, Giorgia Würth, Karin Proia, Licia Nunez, Elisabetta Pellini.

 

 

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

 

RSS