Украдена Љубов

Подреди

Мави е млада девојка која живее во многу сиромашна населба во Истанбул заедно со нејзината сестра, нејзиниот брат и двете деца на нејзиниот брат. Со цел да го прехрани семејството, Мави станува дел од една банда која краде и препродава. Главен на бандата е Аксак, бунтовен и груб човек кој е вљубен во Мави. Чинар е детектив кој е сосема посветен на работата и на семејството. Оженет е со жена која мечтаее да биде дел од високата класа, па поради тоа често се во расправии и нивниот брак полека се распаѓа. Додека истражува мистериозно украдени автомобили, Чинар се запознава со Мави и се вљубува во неа. За кратко време, тоа се претвора во голема љубов. Чинар не знае дека Мави е крадец, а пак Мави конечно се предава на љубовта и покрај нејзиниот темперамент и предрасудите кон мажите. Но на патот на нивната љубов нема да стои само тајната за "работата" која ја има Мави по истанбулските улица и предградија, туку и Аксак кој нема да дозволи да ја изгуби Мави.

Улоги: Özlem Düvencioğlu (Мави), Uğur Yücel (Aksak), Timuçin Esen (Чинар), Erol Günaydın (Дурсун), Serkan Keskin (Бунајмин), Rasim Öztekin (Селахатин)

RSS