Украден живот

Подреди

Бахар е млада и наивна девојка која живее скромен живот во Истанбул, заедно со таткото Илјаз, мајката Нуран и сестрата Ефсун. Поради финансиските проблеми на семејството, таа го напушта училиштето и започнува да работи во слаткарница. Таа е вредна и весела девојка, сосема спротивно од она што е нејзината сестра Ефсун. И покрај тоа што Бахар прави се' што може за да ја направи својата сестра среќна, сепак Ефсун намерно ја повредува Бахар поради љубомората која ја чувствува кон неа. Но, семејството на Бахар крие една голема тајна. Тајната за нејзиното вистинско потекло која се криела 21 година. Бахар всушност е ќерка на Мехмет Емир, богат бизнисмен, а крвно не е воопшто поврзана со семејството во кое израснала. Приказната за нејзиниот живот почнала кога нејзиниот вистински дедо, богат ага, спречил неговата ќерка да се омажи за Мехмет Емир. Но, таа затруднила од мажот кој и бил забранет, и стариот решил да ги превземе работите во свои раце. По породувањето, малото девојче им го дал на слугите во куќата, а тоа биле Илјаз и Нуран. Тие го земале бебето и го израснале така што и кажале дека они и се вистински родители. По породувањето, мајката на Бахар умрела, годините поминувале, а дедото на Бахар почнувал да чувствува грижа на совест и товар поради гревот кој го направил и ја предал сопствената внука на слугите во куќата. Затоа, дедото решава да му ја каже целата вистина на Мехмет Емир, оној за кој не дозволил да се омажи неговата веќе почината ќерка. Мехмет Емир дознава дека има ќерка и дека таа расте како ќерка на слугите, но... тогаш се случува една трагедија која го менува животот на сите. Дедото на Бахар умира, а слугите Илјаз и Нуран го закопуваат мртвото тело во градината. Од тој момент почнуваат да го коваат нивниот ѓаволски план и ја претставуваат Ефсун како ќерка на Мехмет Емир и внука на покојниот ага. Ефсун почнува да го живее животот на богатата наследничка, животот кој вистински и' беше украден на Бахар. Во животот на Бахар се појавува убавиот Атеш, кој не само што ќе и ја покаже светлата страна на љубовта, туку ќе и помогне да ја открие целата вистина за нејзиниот живот. 

Улоги : Ezgi Asaroğlu, Keremcem, Ceren Moray, Sinan Albayrak, İclal Aydın, Zerrin Sümer, Süleyman Atanısev, Ahu Sungur, Oya Başar

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

RSS