Ургентен Центар

Подреди

Режијата им припадна на Дејан Жечевиќ и Стефан Филиповиќ, а главната улога му припадна на Иван Босиљчиќ, кој ја толкува улогата што Џорџ Клуни ја играше во оригиналот. Иван во серијата е доктор Немања Арсиќ, еден од шестте главни членови на персоналот кои во рамките на ургентниот центар, секојдневно се борат за спас на нечиј живот. Покрај доктор Арсиќ, тука е главната сестра Катерина која станува голема љубов на шармантниот и згорен доктор Арсиќ. Улогата на Катерина ја толкува Катерина Радивојевиќ. Дел од тимот се и докторка Милица Лукиќ, доктор Марко Павловиќ, доктор Рефик Петровиќ  како и еден млад стажист Никола Ристиќ. Целиот медицински тим посветено работи на сите случаи, кои се доста несекојдневни. Тие толку добро функционираат заедно што не размислуваат за некакво напуѓштање на ургентниот центар. Па така кога на доктор Павловиќ ќе му биде понудена двојно поголема плата и пдообри услови во една приватна клиника, тој ќе ја одбие и ќе се врати кај своите колеги во Ургентниот центар. Како овие луѓе се носат со животните приказни кои ги пратат од минута во минута? До каде се спремни да одат за да спасат нечиј живот и да спречат човечка загуба? Ова е серијата која ќе не внесе во затворениот свет на операционата сала, онаму каде никој нема пристап, онаму каде докторите се пожртвувани, храбри, човечни и желни да ја вратат насмевката на оној чија судбина зависи само од нив.

 

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk 

RSS