Заборави ако можеш

Подреди

Харун е син на богат бизнисмен кој управува со семејниот холдинг заедно со неговиот татко Фејаз. Тој има врска со Мелда, девојката која работи во неговата фирма. Таа е убава и млада, која ужива почит кај господинот Фејаз затоа што е одговорна, темелна и идеалист во тоа што го работи. Токму затоа и Фејаз сака да ја види Мелда за негова снаа. Но, Харун случајно ја запознава Еда и токму таа средба ќе го смени неговиот живот. Тие двајца се вљубуваат еден во друг, и започнуваат една романтична врска, без никој да знае. По неколку заеднички поминати викенди, Харун става крај на таа кратка романса затоа што неговиот татко го притиска да се ожени со Мелда. И токму кога семејството оди кај Мелда да ја запросат, Харун го чека лошо изненадување. Во куќата на Мелда е и Еда. Откритието е непријатно - Мелда и Еда се сестри. Еда останува смирена и на свршувачката се однесува како ништо да не се случило, но длабоко во себе чувствува голема болка која сака да ја заборави и да ги згасне своите искрени чувства кон свршеникот на нејзината сестра. За да не ја повреди сестрата, Еда решава да се оддалечи од Харун, но љубовта не бира средства. Кога еднаш ќе се всели во срцето, тешко може некој да ја откорени. Како што поминува времето, чувствата на Харун и Еда се' повеќе се разгоруваат, а блискоста на зетот и балдската станува се' појасна. Работите се комплицираат кога Еда дознава дека е бремена од Харун. Дали тоа е моментот кога Мелда ќе дознае за аферата на Еда и Харун? Дали Мелда ќе може да го прости тоа неверство и да го заборави минатото? Двете сестри одеднаш стануваат непријателки, борејќи се за мажот на нивните сништа.

 

Улоги : Serhan Yavaş (Харун), Özlem Yılmaz (Еда), Sinem Öztufan (Мелда), Fikret Hakan (Фејаз) и др.

 

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

 

RSS