Зет Домазет

Подреди

Зет Домазет е популарна турска серија снимена на двата брега на Егејското Море, Турција и Грција. Во серијата се зборува за двајца млади кои се од различни држави кои се непријателски настроени за битката што се случила на Кипар помеѓу Турција и Грција, се заљубуваат еден во друг. Назли е ќерка на Караман Баклаваџиоглу, кој е познат мајстор на правење баклави. Нејзиниот дедо Мемик Баклаваџиоглу ги мрази грците бидејки неговиот татко загинал во битката на Кипар.Нико, кои неговите родители се имигранти од Истамбул, е син на познат бродовласник во Грција. Назли и Нико се стретнаа во Бодрум, се заљубија на прв поглед и решија за се венчат. Комедијата започнува кога Нико оди во Газиантеп да ја побара раката на Назли од нејзиниот татко. Историското непријателство меѓу двете нации го прави многу тешко, и двете семејства се противат на брак на почетокот. Конечно, Назли и Нико основаат семејство и се населија во Истанбул. Тие го именуваат својот син Еге ("Егеј"), морето меѓу Турција и Грција.Двете семејствата одат едни кај други неколку пати на посета од различни причини и се зближуваат се повеќе. Тетката на Нико, Катина добива брачен предлог од Турчин, но нејзината мајка Ефтелија го влошува тоа. Дури и на почетната омраза меѓу постарите членови на семејствата, Мемик и Ефтелија, се претвора во романтична врска. Од друга страна, Кадир, синот од Океш, кој е ортак со Караман, се жени Стела, грчката секретарка на Нико.

 

RSS