Животот не е песна

Подреди

Бајрам чувствува грижа на совест кон својот побратим и пријател Салих поради долг од минатото и бара начин да му се оддолжи. Затоа двајцата одлучуваат дека во име на пријателството и долгот, нивните деца кога ќе пораснат, ќе се венчаат. По многу години, Керим, синот на Бајрам, ќе дипломира и ќе мора да се врати во родниот крај за да го исполни ветувањето кон татка си и да ја побара раката на Мелек, ќерката на Салих. Но, Керим и Мелек пораснале во сосема различни средини, имаат различни погледи кон животот и не сакаат да се обврзуваат на некакви си дадени ветувања од страна на нивните татковци. Но, онаа која од мали нозе е вљубена во Керим е втората ќерка на Салих, убавата и опасна Хулија. Таа сака да ја заборави сиромаштијата и бедата во која пораснала, да ги заборави луѓето со кои пораснала и да го оживее копнежот кон богатиот Керим. За таа цел, ќе направи план со кој ќе ја извалка честа на нејзината сестра и на тој начин ќе ја раскине свршувачката на Мелек и Керим. Но, дадениот збор ќе мора да се исполни, па наместо со Мелек, Керим ќе мора да се ожени со ќерка на Салих, а преостанува Хулија. Сакаше да побегне од аманетот даден многу оддамна, но овојпат ќе мора да се жртвува и без љубов да стапи во брак со Хулија. По венчавката, тој ќе ја напушти Хулија и ќе побегне во Германија, за да продолжи со она што сака да го прави и работи во животот. Разочарана и гневна, Хулија нема да сака да го испушти она по кое цел живот копнеела - Керим. Нејзината опсесивна љубов ќе ја однесе во Германија, каде по секоја цена е решена да го врати Керим назад и да ја добие неговата љубов. Сплетките започнуваат... таму ја запознава девојката која очекува бебе од Керим и со нејзините интриги, успева да го земе бебето и да го престави како свое. На што сè е подготвена Хулија за да го оствари својот план? Ќе успее ли да го врати Керим назад и да биде и таа самата среќна? Но... што кога тој ќе ги открие сите нејзини интриги? Животот нема да биде песна за амбициозната Хулија. Таа ќе мора да ги прикрива постојано своите лаги, а да го прави тоа често и на сметка на среќата на својата сестра. 

Улоги : Burcu Biricik, Birkan Sokullu, Tayanç Ayaydın, Ecem Özkaya, Ahmet Mümtaz Taylan, Seray Gözler, Deniz Hamzaoğlu

 

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk 

RSS