Сарајот на Серџе

Подреди

Куќата и децата се нејзиното се ' во животот. Затоа умее да каже дека има сарај во кој таа е султанката, а децата - богатството. И толку! Ништо друго Серџе не бара од животот. Само да бидат добри.

Од верност кон починатиот сопруг, Серџе за друг маж не сака да слушне. Ја убедуваат соседите, роднините, дека е време да размислува за нов брак, но попусто. Ставот на Серџе е јасен, ќе живее за децата и за помалата сестра која и е аманет од родителите.

Но, како што обично бидува во животот, некои работи не се онакви какви што изгледаат. Па така и во животот на Серџе.

Во еден сосема неочекуван миг, таа ќе се соочи со вистина потешка од планина. Целиот свет ќе и се сруши над глава и одеднаш ќе треба да прифати дека нејзиниот толку сакан и почитуван сопруг, за цело време ја лажел. Замислете, додека ја убедувал дека таа е неговата единствена и најсакана султанка, тој всушност водел двоен живот, со друга жена со која има и дете, сите скрасени во куќа која се'уште неговата мајка ја отплаќа на кредит.

И што сега? Како Серџе ќе продолжи да живее во овие новонастанати околности на срам? Како ќе им погледне во очи на своите деца пред кои го идеализираше ликот на татко им? Како ќе се носи со се' ново што допрва ќе излезе на виделина?

RSS