За моите ќерки

Подреди

Јашар е тотално безвреден во очите на својата сопруга. Откако го изгубил наследството од татко му, таа кон него се однесува со гнев и презир. Сите негови обиди да биде добар сопруг и татко, завршуваат со нејзиното непочитување, омаловажување, и најтешки навреди. Што оти кутриот Јашар работи на дури две работни места. Прва смена во автоперална, втора смена во меана, и пак заработката не е доволна за потребите на семејството. Кавгите дома се пеколно секојдневние кое веќе со години ги трауматизира децата. Најстарата ќерка Селва е мажена и навидум поштедена од семејниот немир. Но тежок е и нејзиниот живот покрај лошата свекрва. Кумру е втората ќерка на Јашар и Ајтен. Нежна, чувствителна и полна со љубов и трпение. Студира медицина и ги одбројува последните денови до дипломирањето, кога ќе почне да заработува пари за да му го олесни товарот на татка си. Сумру исто така студира, но таа е сосема друг карактер. За неа издувен вентил од секојдневните проблеми се забавата и шопингот, кои се луксуз за семејството. Суна е се'уште гимназијалка. Задлабочена во книгите и учењето, таа сака да биде како својата сестра Кумру. Најмладата Хума е најпогодена од семејниот немир и постојаните кавги. Затоа сите сестри кон неа се однесуваат топло и мајчински, зашто Хума навистина не добива мајчинска љубов. Небаре збудалена, нивната мајка Ајтен ќе биде причината за името на семејството да се извалка со крв, Јашар да заврши во затвор, а неговите ќерки да испишат трагични страници од животот во кој тој засекогаш ќе биде нивна сенка. 

 

  

RSS